Македонија доби уште еден ученик кој што ќе го продолжи своето образование на Светските обединети колеџи, како дел од генерацијата 2020-2022. Станува збор за беровчанецот Филип Гошевски, кого го паметиме по добрите резултати како ученик во деветолетката ,,Дедо Иљо Малешевски”, а потоа и во ОСУ ,,Ацо Русковски”.
-Само што ја завршив мојата втора година во ОСУ „Ацо Русковски“, а веќе од наредната моето средношколско искуство ќе го продолжам во СОК Мастрихт. Деновите кои не ги поминувам во изучување на концепти од областа на биологијата или хемијата ми се исполнети со пријатели, кафиња, забава и многу филмови. Покрај природните науки ги сакам и јазиците и сум неколку чекори подлабоко во изучување на германскиот. Активно волонтирам и ги истражувам првите слоеви на психологијата, и сум најголемиот Potterhead што постои. Исто така, ги обожавам животните и природата. Поседувам и посебен ентузијазам за фотографирање и патување.”, истакна Филип во своето претставување на официјалната страна на UWC Maastriht.
Освен Филип Гошевски, Македонскиот национален комитет годинава ќе испрати уште 6 ученици на еден од 7-те Светски обединети колеџи.
Leave a Reply