Јовановска: За помалку од 3 години поддржани правни субјекти и невработени лица со финансиски средства од над 100 милиони денари

Над 600 невработени лица од кои најголем дел млади лица до 29 години од Делчево активно ги користеа мерките на Владата за зголемување на вработливоста. Ова од Делчево го истакна директорката на АВРСМ, Билјана Јовановска која додаде дека во изминатите две ипол години е регистриран голем интерес за мерките од невработените лица и правните субјекти.

-Со активните мерки и политики беа опфатени над 600 невработени лица од кои 50 проценти се млади лица до 29 години и околу 250 правни лица, кои финансиски ги поддржавме со над 100 милиони денари. Се разбира тоа е во интерес на отворање на нови работни места, вработување и зголемување зголемување на вработливоста на невработените лица, со цел тие во најбрзо време да бидат конкурентни на пазарот на трудот. Во исто време компаниите ги поддржавме со набавка на опрема и репроматеријали, кои што се неопходни за вршење на нивната дејност и се наменети за работа од страна на лицата кои ги вработуваат, рече Јовановска.

Јовановска денес имаше можност да посети и дел од компаниите во делчевскиот регион, за кои искажа задоволство од соработката со Центарот за вработување Делчево.

-Задоволството се темели на финансиската поддршка која им помага во делот на вработување на нови лица и набавка на опрема и репроматеријали. Јас сум среќна и задоволна што работодавачите од овој крај, во ниту еден момент не почувствувале тежина при работењето во изминатиот период, заради тоа што своето прозиводство го реорганизирале и насочиле онаму каде сметаат дека можат да имаат пласман. Во исто време вработените се на работните места и истите чувствуваат слобода во делот на соработка со Центарот за вработување, каде што нема никаков притисок, туку има голема поддршка од страна на колегите од Центарот за вработување, истакна Јовановска.

Активните мерки на АВРСМ, како што додаде се уште се во тек и во период на коронакризата, со тоа што и компаниите и невработените лица активно земаат учество во нив.

Своја изјава во врска со поддршката на компаниите даде и градоначалникот на општината Горан Трајковски.

Заедно со Директорката на Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија, Биљана Јовановска бевме во работна посета на дел од компаниите во Општина Делчево.

-Денес речиси нема компанија или фирма која не е финансиски поддржана со активните мерки за вработување преку АВРСМ и мерките КОВИД 19 преку другите надлежни институции.
Истите работат со полна пареа и не само што ги задржаа вработените туку во моментов преку мерките вработуваат нови невработени лица, рече Трајковски.

И двете изјави погледнете ги во продолжение:

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*