Николовски од Делчево: Гласајте за луѓе кои реализираат проекти

Во Делчево вечерва се одржа трибина на која свој говор имаше носителот на листа во ИЕ 3, од коалицијата ,,Можеме” Љупчо Николовски и претседателот на Партијата за демократски просперитет на Ромите, Аксел Ахмедовски.

Ахмедовски кој е кандидат за пратеник од коалицијата ,,Можеме”, истакна дека до пред една година никој не верувал дека и ромите од крајниот Исток можат да формираат атрактивен и перспективен политички субјект кој ќе биде конкурентен за изборите.

-Неоспорен е фактот дека ромите се еден од најобесправените народи. и дека ромскиот народ е најсиромашна, најобесправена нација. Меѓутоа среќен сум што во вакви моменти ромскиот народ останува воздржан и на ваквите навреди не одговара радикално. Затоа што ромите си ја сакаат државата од срце и од душа, ние сме тука да пркосиме преку нас во оставрувањата на правата на ромската заедница, истакна Ахмедовски пред присутните.

-Се одлучивме за коалиција на претстојните избори затоа што само на тој начин ќе се обезбеди еднаквост за сите. На тој начин ќе се обезбеди и толеранција искоренување на дискриминацијата и сиромаштијата преку креирање на заеднички јавни политики со активна вклученост на вистински претставници на ромската заедница во институциите на системот. Ако ме прашате зошто коалиција со СДСМ, затоа што сметаме дека на тој начин ќе биде обезбедена поголема социјална сигурност, рече Ахмедовски.

Во своето обраќање на трибината, носителот во ИЕ 3, Љупчо Николовски истакна дека сите анкети потврдуваат дека Владата ќе ја прави СДСМ.

-Приклучете се на најразноликата коалицијата затоа што како бел ден е јасно дека продолжуваме со ова темпо затоа што можеме и подобро и повеќе. Ве поздравувам од претседателот Заев кој упатува повик на мобилизација, човекот кој ги собра на едно место и македонците и ромите и албанците и сите кои ги имаме на едно место, граѓани од различни организации кои се приклучија и се гарант на нашата победа, истакна Николовски.

Да гласаме за коалицијата ,,Можеме” затоа што треба да ги поразиме политиките на нашите кандидати кои се остаток на Груевизмот.

-Тоа е истата таа криминална банда, позади која стојат многи афери, злосторничко здружение кое ги изнесе парите во Белизе. Тие бараат поддршка за обнова, а ги видовме 11 години што направија. Затоа ги кандидираат истите функционери на Никола Груевски. Но тука сме Јас, Аксел Соња, луѓе кои многу добро не знаете сите колку се боревме за секој еден проект. Знаете дека позади нас нема дамка, затоа што се е чисто и крв дадовме во нашите глави да го срушиме режимот, потенцираше Николовски.

Дополни дека ќе расте социјалната помош иако сегашната Влада ја зголеми за 300 отсто.

– Во новата програма даваме збор и дека 64.000 дечиња дека ќе добиваат детско додаток, ќе работиме на зголемување на образовниот додаток. Ние работиме од срце од душа и тоа ќе го правиме во наредниот период, ќе земаме плата и јас и Аксел, но ќе работиме за граѓаните. Покажавме и одржавме лекција како се помага локалната власт и ви давам збор дека ќе бидам тука за секој проблем и наоѓање на негово решение. Треба уште повеќе да бидете горди затоа што на висока позиција ќе биде партијата на Аксел Ахмедовски на позиција преку која ќе би дава помош и да има на кого да се потпрете. Затоа на 15 јули ни треба секој глас, затоа што само така ќе напредуваме, додаде Николовски.

-Ги слушнавте ВМРО ДПМНЕ дека ќе ја намалат минималната плата. Тие гласаа против минимална плата, против растот на платите во држата и велеа дека ќе има проблеми затоа што се научени да ги изнесуваат парите на сметките на Рајскоте острови. Затоа на 15 јули тие треба да се плашат за она што ќе ги снајде, дополни носителот Николовски.

На трибината свое обраќање имаше и делчевскиот градоначалник Горан Трајковски кој се осврна на сето она како што рече што не го направи ВМРО ДПМНЕ додека беше на власт, наспроти она што СДСМ го направи.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*