Мицкоски од Делчево: За две ипол години дојдовме до можност да ја собориме оваа ненародна власт предводена од СДСМ

Вечерва во Делчево трибина одржа караванот на коалицијата „Обнова за Македонија“. На трибината говор одржаа носителот во Третата изборна единица од оваа коалиција, Игор Јанушев, и претседателот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, а свое обраќање имаа и кандидатите за пратеници од Делчево, Драган Ковачки и Христина Смилевска.

-Ми претставува чест но и голема одговорност што денес стојам пред вас од победничката коалиција. Време е за промена. Време е оваа ненародна власт да ја испратиме на црните страници на историјата. Од нашите противници видовме дека се спремни на се. Притисоци уцени, закани, но од овде порачувам „Не ви се плашиме“. Нашата борба е Македонија, а вашата функции, фотељи и угнетување на народот. Овој пат наши сограѓани ја бараме вашата поддршка со која се обврзуваме за повисоки плати, пензии, многу проекти за младите рамен данок од 8 проценти, сигурен земјоделски откуп и подоистоинствен живот за сите нас. Ајде заедно да ја исправиме Македонија. Изборот на 15 јули не е СДСМ или ВМРО, тоа е избор за згазена, понижена или исправена достоинетвена и горда Македонија во која Македонците не се граѓани од втор ред. Ве поканувам сплотени како никогаш досега масовно да излеземе и да ја донесеме обновата, рече кандидатката за пратеник Христина Смилевска.

Случаите со криминал и корупција никој не ги процесуира, но сакам да знаете една работа ние сме подготвени да одиме до крај, истакна во својот говор кандидатот за пратеник од коалицијата „Обнова за Македонија“ Драган Ковачки.

-Правото и правдата мора да царуваат, во спротивно не ја заслужуваме државата. Јавната администрација е партизирана, а на нас ни претстои процес на департизација. Пред некој ден сретнав повозрасен човек. Се пожали дека по трет пат го враќаат од општината, а човекот бил од Стар Истевник, доаѓа трет пат и не му е завршена работатата. Јавната администарција треба да биде во функција на тие што ја плаќаат, т.е на граѓаните и за тоа ќе се бориме. Пред нас се преговори со ЕУ, нив мора да ги води професионална администрација, а не партиска, затоа што ќе се „изгубиме“ во тие процеси. Тоа не може да де стори со непрофесионална администрација. Третата работа која и недостига на Македонија е тоа што на на народот му е потребно обединување. Знаете дека пред нас постојат геополитички поместувања. Ние македонците треба да се договориме кој треба да ја води државата, дали е тоа Заев, човекот кој ја распродаде државата или човекот кој е на браникот на татковината Христијан Мицкоски. Ова е последна шанса, а после тоа треба да се договориме со сите граѓани во нашата татковина, рече Ковачки.

Претседателот на ВМРО ДПМНЕ пред делчевци истакна дека пред 30 месеци, започна последниот маратон на ВМРО ДПМНЕ, за да се дојде до денешните Предвремени парламентарни избори.

-За само две ипол години веќе зборуваме за нив, затоа што верувавме во тоа што го работиме. За тоа време имаше понекоја критика, некој ќе кажеше зошто сте млаки, зошто молчите, сега треба да нападнеме. Во тоа време ќе беше најлесно да влезе во битка каде целта и завршницата ќе бидат неизвесни. Но одлучивме напорно да работиме и благодарејки на поддршката која ни ја дадовте, дојдовме до целта да собориме ненародна власт предводена од Зоран Заев.

За тоа да се случи, како што додаде претседателот на ВМРО ДПМНЕ, останаа само помалку од 5 дена.

-Само 5 дена не делат од победата над неправдата и понижувањата, помалку од 5 дена не делат од оние истрошени политичари, се чувствува тоа од првиот собир во Охрид, па еве сега во Делчево. Се мобилизира Обновата, јас верувам во силата на македонскиот народ без разлика на етничките разлики, секогаш кога било најтешко тие биле најбројни и се спротиставувале и пред посилен противник, додаде Мицкоски.

Тој рече дека матрицата на СДСМ на овие избори е содржана во 4 чекори.

-Првиот чекор е преидзборна лага, потоа следуваше вториот чекор национално предавство, третиот чекор плачка и криминал и подоцна обвинителстовото и судството кое им беше потребно за носење сомнителни одлуки. Но, ќе ве потсетам на првата генерација нивни политичари, кога ни ветуваа европска иднина, само требаше да се откажеме од нашето знаме, за криминалот и корупцијата сведочат многу споменици од тоа време, се сеќавам на сите наши родители кога бевте прогласени за технолошки вишок, мислевте како да се обезбеди егзистенција, а за школувањето на вашите деца не стануваше збор. Ќе ве потсетам на аферата ТАТ, на онаа срамна распределба кога се парчеше државата, кога македонецот дома беше гостин. Ќе ве потсетам и на пљачката со тенковските делови, кога милиони се крадеа со провизии на грбот на овој народ, додаде Мицкоски пред делчевци, кој дополни дека денес сиот срам и сето понижување се спакувани во една Луј Витон чанта.

Тој се осврна и на предизборната програма на која, како што рече работеле експерти, програма која според него ќе донесе Обнова на Македонија.

-Создадовме 360 страни наречени обнова, од првиот до последниот збор. На истата работеше структура поддржана од коалцијата за Обнова. Во неа ќе прочиатате за 25 проценти повисока плата, за повисоки пензии со стариот закон кога 2 пати годишно растеше пензијата. Има таму напишано како да дојдеме до најнизок рамен данок, таму има за нула данок за работодавач кој ќе вработи млади лица до 29 години старост. Има за намален ддв за угостители, за намален ддв од 18 на 10 проценти. Напишано е како до бесплатен приклучок за гас, како до вратено национално достонство. Таму нема преговарање за Гоце Делчев. ние на тој човек ја темелиме нашата држава, не можеме да преговараме за Даме, за Питу, за Тодор, нема никој право да ни ги земе. Нашиот јазик е она што не прави посебни од останатите и секој оној кој вели дека јазикот ни е нечиј дијалект се лаже. Во ниту една прилика нема да преговараме за мајчиниот јазик кој се изучува на повеќе од 160 универзитети ширум светот, дополни Мицкоски.

Тој ги повика граѓаните да гласаат за носителот Јанушев, кој како што рече е честит и чесен човек и кој предвреме ги завршува доделените задачи. Порача граѓаните да излезат и да го заокружат бројот 14 за победата за иднината онаква каква што ја сонуваат граѓаните.

Носителот Игор Јанушев пред присутните рече дека три и пол години државата живее со криминал, корупција и уцени, поради што, како што рече е виновен само еден човек.

-Тој човек е Зоран Заев. Во овие три ипол години видовме многу зло, уништување на државата, ги видовме како се обединуваат да лажат, за да си ја спасат сопствената кожа, но ние од тука им порачуваме дека ќе одговараат за сите злодела и тоа го ветуваме дека ќе се случи во следните 6 месеци по превземањето на власта, рече Јанушев.

Се осврна и на неговиот противкандидат од коалицијата „Можеме“ Љупчо Николовски.

-Го слушам Николовски кој не најде храброст да излезе на дебата еднаш да ги изнесеме аргументите, зборува јавно дека ВМРО ДПМНЕ немало програма, мерки, па одозгора му било непријатно кога го слушал народот како ги условуваат како северџани. Нели му беше срам 2016 година да се колне како менторот Заев, дека се беше во главата на вмровците, кога одеше и ветуваше повеќе за земјоделците без нималку срам и лице. Сега со истите лаги го манипулираат народот. ама овојпат народот доаѓа по свооето, а тогаш лошо им се пишува, рече Јанушев.

Она што го ветуваме е многу работа и труд, ќе има повеќе за секој еден од Вас, заеднички ќе доаѓаме до секое решение и затоа ве повикувам сите Вас, обесправени стопанственици, професори, доктори и многу други, рамо до рамо на 15 јули со пенкало во рака, референдумски да излеземе рано од сабајле, да го заокружиме бројот 14 за 14 пратеници во ИЕ 3, истакна во завршното обраќање пред делчевци, Јанушев.

Претходно трибина коалицијата „Обнова за Македонија“ одржа во Берово. Пред тамошните присутни претседателот на ВМРО ДПМНЕ, рече дека се чувствува енергија кај народот кој се обединува и сплотува за на 15-ти јули конечно да се победи ненародната и криминална власт предводена од СДСМ и Заев.

-Чувствувам, една чудна енергија се обединува за обновата. Народот се сплотува како многупати во историјата, и кога било и потешко. Затоа и овој пат, заедно сите на 15-ти јули ќе победиме. Тука никој не треба да има дилема, порача Мицкоски.

Мицкоски од Берово ги повика и досегашните поддржувачи на СДСМ за да се обедини целиот народ против проектот на СДСМ и БЕСА за федерализација на Македонија и нејзино крајно уништување.

-Најпрвин да си ја ослободиме државата, а после ние ќе ви помогнеме да си ја ослободите партијата од овие кои што ви ја заробија. Нас после 15-ти јули ќе ни треба конструктивна опозиција. Опозиција која заедно со владата која ќе ја предводи ВМРО-ДПМНЕ ќе работи за интересите на Македонија. Ова не е само борба на два спротивни концепта, туку и борба помеѓу различни вредности. Ние нема да владееме со народот како што правеше СДСМ, туку ние ВМРО-ДПМНЕ заедно со народот ќе си ја обновуваме Македонија нашата татковина, порача Мицкоски од трибината во Берово.

Средба со жителите на Делчево, 10.07.2020

Средба со жителите на Делчево, 10.07.2020

Gepostet von Hristijan Mickoski am Freitag, 10. Juli 2020

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*