МЛЕЧНА ИНДУСТРИЈА со соопштение за наводите за вмешаност во труење на риби во Брегалница

Млечна индустрија ја информира јавноста дека ги отфрла обинувањата на СРД ,,Брегалница” за вмешаност во труење на риби во Брегалница. Млечна индустрија работи согласно законските прописи и обврски, во што се увериле и Републичките инспектори при последната пријава од страна на СРД ,,Брегалница” кај надлежните институции.

Воедно Млечна индустрија сака да ја информира јавноста дека СРД ,,Брегалница” во повеќе наврати бара спонзорство од нас и бидејки досега нема добиено финансиска помош од нас, се обидува да не ,,оцрни” на секој можен начин.

За сите обвинувања и клевети нашата компанија ќе си превземе правни процеси. Нашата компанија работи 365 дена во годината, согласно сите законски обврски и е согласно законот под постојан мониторинг на инспекторати, министерства и Агенцијата за храна како и сите други млекари во државата. Во ниеден крај во државата не се појавува ни едно труење на риби, предизвикана од млекари иако многу од нив работат со дупло поголем капацитет од нашиот, се вели во соопштението на МЛЕЧНА ИНДУСТРИЈА.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*