Ахмедовски до своето членство: Давајки го гласот за коалицијата „Можеме“ го давате гласот за себе

Престседателот на партијата за деморатски просперитет на Ромите, Аксел Ахмедовски во денешниот повик до своето членство пред почетокот на изборниот молк ги повика на 15 јули да гласаат за коалицијата „Можеме“ и бројот 3, затоа што како што рече ова се први избори на кои Ромите од крајниот Исток ќе имаат можност да гласат за себе.

-За време на кампњата шетајки го теренот во Третата изборна единица наидовме на огромна поддршка по однос на нашата програма и презентирањето на нашите програмски цели и задачи. Сметаме дека вашиот придонес на 15 јули ќе биде огромен, ќе го заоркужите број 3 и ќе изразите поддршка за коалицијата „Можемеод која и ние како политичка партија сме дел. Сметаме дека давајки ја поддршката на оваа коалиција ќе гласате за себе, рече Ахмедовски.

Тој додаде дека за прв пат во историјата на РСМ, посебно во Третата изборна единица ан Ромите од крајниот Исток им се дава можност да учествуваат во изборен процес во кој со својот глас за коалицијата „Можеме“ ќе учествуваат во креирањето на јавните политики.

-Уште еднаш ве повикувам чесно совесно достоинствено на 15 јули да излезете масовно и да го дадете својот глас и поддршка за коалицијата „Можеме“ затоа што знаеме дека уште подобро сите ваши интереси ќе бидат артикулирани преку Партијата за демократски просперитет на Ромите, додаде Ахмедовски.

Дел од членството на ПДПР од Кочани денес од градскиот пазар во Делчево излезе со соопштение околу како што велат наводното тврдење дека се уценувани да гласаат за коалицијата „Можеме“.

-Ние лицата од неформалната економија – продавачи на текстил и друга роба, најостро ја демантираме изјавата на претставниците на ОК ВМРО ДПМНЕ Кочани, излезена во јавноста дека наводно од страна на членови на СДСМ Кочани сме уценувани во врска со вршење на нашата дејност на тезга, а врзано со претстојните Предвремени парламентарни избори, за да ја поддржиме коалицијата „Можеме“. Со одлука на Кризниот штаб е донесена одлука, со која се овозможува, вршењето на нашата дејност со што се излезе во пресрет на нашите барања за ублажување на нашата состојба, бидејки ние бевме најпогодени од пандемијата со коронавирус. Им се заблагодаруваме на сите релевантни фактори кои што ни излегоа во пресрет на нашите барања, а поткрепено со силна поддршка од ПДПР, истакнаа членови на ПДПР кои денес беа присутни на тезгите на градскиот пазар во Делчево.

Инаку, претседателот на партијата за демократски просперитет на Ромите, Аксел Ахмедовски, заедно со кандидатот Соња Михаиловска се двајцата кандидати од оваа коалиција кои на овие избори ќе бараат довербата од граѓаните за влез во парламентот. 

Во продолжение изјавата на Претседателот на ПДПР, Аксел Ахмедовски:

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*