Планинарите на ПСК „Голак“ го искачија Царев Врв

Планинарскиот спортски клуб „Голак“ од Делчево продолжува со иакчувањето на познати врвоти во Пијанечкиот регион. Вчера како што информираше претседателот на друштвото Љупчо Чучуковски, 14 членови на ПСК „Голак“ Делчево го искачија Царев Врв на Осоговските Планини.

-Маршот се спроведе придржувајќи се на препораките од министерството за Здравство како и на Федерацијата за планинарство, односно со држење на растојание од најмалку 1,5 метри како и движење во група со максимален број до 20 луѓе, со што со лиценциран планинарски водич ја реализиравме планинарската маршута за искачување на Царев Врв (Султан Тепе) 2085 м.н.в, рече Чучуковски.

Маршутата на движење како што додава Чучуковски била следната:

-Горен рудник Саса 1570 м.н.в. – Црна Трава 1650 м.н.в. – Ајдучка Чешма 1850 м.н.в. – Врв Клефте 1890 м.н.в. – Ѓупски Врв 1907 м.н.в. – Царев Врв (Султан Тепе) 2085 м.н.в. и обратно во вкупна должина од 18.7 км. Прекрасно поминат ден со прекрасна екипа и идеални временски услови., додаде Чучуковски.

Јунаци на денот како што дополнија од ПСК „Голак“ биле малите планинари Магдалена и Искра Георгиевски.

Врвот како што додадоа е важен за ПСК „Голак“, бидејќи од него почнува регионот Пијанец (Делчевски).

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*