Компанија Рудине го зголеми откупот на вишна од кооперанти

Компанијата Рудине го зголеми откупот на вишна од кооперанти чија берба привршува. Поради ковид-кризата, како што информираа одговорните, комоанијата им излезе во пресрет и на останатите производители кои понудија вишна на проджба.

-За разлика од другите години, годинава откупивме поголема количина на вишна од Делчевско. Родот е голем, а и бројот на луѓе што сакаа да ја продадат кај нас значително се зголеми. Заради ситуацијата со кризата, решивме да излеземе во пресрет, дури и на тие што не ни се кооперанти и да им ја откупиме, иако се уште не сме обезбедиле пласман, информираа од Рудине.

Дневната количина на откуп како што додадоа се движи околу 15 тона.

-Од нашите насади, исто така добиваме голема количина на вишна, која заради машинската берба оди многу брзо, додадоа од Рудине.

За разлика од претходните години како што додадоа, вишна воопшто не се бере рачно, што според одговорните од компанијата во голема мера им ја олеснува работата во секој поглед.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*