Здравков нов тренер на ФК „Каменица Саса“

Горан Здравков од вчера и официјално е нов шеф на струката на Саса, второлигаш од Македонска Каменица. Иако се очекуваше популарниот  Чалам да одигра барем уште една сезона, сепак тој одлучи да стави крај на фудбалската кариера, и веднаш да ја почне тренерската…

“Па, мислам дека е доста. Она што му го дадов на фудбалот тоа е. Мислам дека е време сега да се пробам како тренер. Не се двоумев да ја прифатам понудата од раководството на Саса, се со цел да го продолжиме проектот кој го започна поранешниот тренер Мите Митев. Имаме добра екипа, веројатно и ќе се засилиме, па така со напорна работа сметам дека ќе можеме во претстојната сезона да атакуваме кон горниот дел на табелата во Втората лига – исток. Македонска Каменица е феноменална средина, треба само да се работи“ вели за СПОРТМЕДИА новиот стратег на “рударите“.

По строго контролирани протоколи за заштита од Covid 19, фудбалерите на ФК Каменица Саса веќе го одржаа првиот состанок, а потоа и првиот тренинг како дел од подготовките за новата сезона. Она што е вредно да се спомене е дека на првата прозивка беа и фудбалерите од младинскиот погон на ФК Каменица Саса како Антовски, Стојковски, Миленковски, Николовски како и повратникот од Малта, Филип Николовски.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*