Ученичката Андреа Димитровска меѓу 10-те најдобри од предизвикот за Нулта отпад

Андреа Димитровска, ученичка во VIII-2 одделение при деветолетката ,,Св.Климент Охридски” од Делчево се најде меѓу 10-те најдобри ученици во рамки на предизвикот Нула отпад на тема ,,Батериите опасност или можност”. Честитајки и за успехот на младатаа Андреа од делчевската деветолетка и посакаа уште многу вакво успеси во иднина.

-Ученичката Андреа Димитровска VIII-2 одделение во името на нашето училиште го прифати предизвикот на Нула Отпад на тема “Батериите опасност или можност?” и е избрана во првите десет најдобри ученици на ниво на нашата држава, а со тоа е наградена со диплома и од страна на издавачката куќа “Златно Перо” од Битола. Честитки до нашата ученичка Андреа, истакнаа од училиштето.

Во рамки на активноста свое учество зедоа повеќе ученици од Делчево, но како што додадоа само Андреа ја имаше честа да биде меѓу десетте најдобри.

Димитровска која е врвен ракометар, уште еднаш докажа дека кога се има добра идеја може да се успее и во останатите сегменти од образованието.

Повеќе за предизвикот на линкот во продолжение:

https://m.facebook.com/story.php?story_fbid=2716072325300541&id=1641666296074488

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*