Поради упад во компјутерски систем, кривична пријава за 23-годишна каменичанка

Жителка на М.Каменица заработи кривична пријава од Надворешната канцеларија за криминалистички работи Делчево која лицето С.Ј(23) го товари за постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем”.

-Имено пријавената, во периодот од 29.10.2019 до 28.11.2019, навлегла во компјутерскиот ситем на банка од Скопје и со искористување на податоци од дебитна картичка од трансакциска сметка на Ј.Ј., извршила плаќање преку интернет во хотели во Скопје, со што предизвикала материјална штета во износ од 15.155 денари“, наведено е во билтенот на МВР.

Прекршокот како што се вели во извештајот 23-годишната каменичанка го сторила во четири наврати заради што ја заработила кривичната пријава.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*