Делчевските пожарникари безбедно симнаа маче од кров

Успешно заврши интервенцијата на Територијалната противпожарна единица од Делчево која денес симна маче кое два дена било качено на кров и неможело да се симне.

Успешната интервенција е дело на пожарникарите Лоренцо Трајановски и Горан Гоцевски кои несебично веднаш се одзваа на повикот да му се помогне на недолжното животно.

Акцијата се одвиваше денес околу 19:00 часот на улицата ,,Пере Тошев” во Делчево.

Едно големо БРАВО за овој хуман гест на пожарникарите кои пред околу еден месец извадија куче заглавено во бунар, а имаа уште една интервенција на спасено маче во Делчево.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*