НВО „КХАМ“ продолжува со активностите од проектот „Нова шанса за нас“

Надополнување на потребите на ромското население со потребно знаење и едукација, кое ќе овозможи нивна соодветна интеграција е главната цел на проектот „Нова шанса за нас“ во чија реализација учествуваше и Невладината организација „КХАМ“ од Делчево. Како што информираше Ромина Кајтазова од НВО „КХАМ“, проектот NEC- Нова шанса за нас, започна да се спроведува од 01.10.2019 година и истиот е поддржан преку програмата Еразмус+ програмата на Европската Комисија.

-Активностите во рамки на овој проект се спроведуваат во три држави, односно во Хрватска, Словенија и Република Северна Македонија. За да се надополнат потребите на ромското население со потребно знаење и едукација, а кое ќе овозможи нивна соодветна интеграција. Сите парнерски организации активно работиме во изработка на програми кои опфаќаат повеќе сегменти од животот на Ромите како заедница, истакна Кајтазова.

Во изработката на програмите како што додаде Кајтазова се вклучени три универзитети за образование на возрасни и три граѓански организации кои имаат долгогодишно искуство во интегрирано, интеркултурно образование и професионален развој на едукатори.

-Од Р.Северна Македонија е вклучен Универзитетот за образование на возрасни Ванчо Прке Штип и НВО КХАМ Делчево. Во ноември 2019 години ја реализиравме првата партнерска средба во Чаковец Хрватска на која се договоривме за понатамошни чекори во рамки за проектот и партнерска поделба за реализација на активности предвидени во рамки на истиот. Од ноември до јули изработивме две програми: Програма за мотивација на едукатори и Програма за возрасни ученици, а во моментот работиме на Програма за социјална активација, сите наведени програми се усогласени со стандардите на државите вклучени во проектот и ќе се пилотираат во универзитетите за образование на возрасни во Хрватска, Словенија и Р. Северна Македонија, додаде Кајтазова.

Во периодот што следи, како што додаде Кајтазова ќе се прави проценка за нивната успешност. Проектот е со времетраење до месец март 2022 година.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*