По невремето се отстрануваат паднатите дрвја на патниот правец Делчево – Пехчево кај с. Тработивиште

По невремето кое го зафати делчевскиот регион во тек акција за отстранување на паднатите дрвја на патниот правец Делчево – Пехчево. Мештани и возачи јавуваат дека невремето предизвикало најмногу штета во атарот на село Тработивиште каде се забележливи паднатите дрвја кои блокираат дел од регионалниот пат Делчево – Пехчево.

Паднати дрвја се забележани и во близина на паркот Езерце во Делчево а од претходно ветрот оштети голем број покриви на куќите на граѓаните и искина дел од кабелската мрежа во градот.

Во моментот во тек е и акцијата за расчистување на паднатиот покрив во центарот на градот кој беше срушен од силниот ветар на почетокот на невремето кое во моментот престана.

Нaдлежните дополнително ќе ги утврдуваат штетите од силниот ветер кој еден час дивееше во Делчево.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*