Поради пандемијата откажани ,,Голачките фолклорни средби”

 Во Делчево откажан традиционалниот меѓународен фолклорен фестивал ,,Голачки фолклорни средби”. Организаторите информираа дека настанот кој секоја година се организира на планината Голак ноќта на 8 спроти 9 август се откажува поради актуелната пандемија.

-Почитувајќи ги препораките од Комисијата за заразни болести и од Владата на РСМ, како организатори на фестивалот, Општина Делчево и НУЦК “Никола Јонков Вапцаров” одлучија годинава да не се одржи фестивалот, кој вообичаено собираше илјадници гости на падинните на Голак на врвот Чавка, покрај манастирот посветен на ,,Свети Пантелејмон”, информираа организаторите.

Голачките фолклорни средби традиционално се одржуваа ноќта како дел од одбележувањето на верскиот празник ,,Св. Пантелејмон” и го обединуваа културното и верското наследство од овие простори.

Во продолжение потсетување на минатогодишните Голачки фолклорни средби 2019:

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*