Со ,,Делчевска културна разгледница” продолжува културното лето под маски

Од активностите кои претстојат на културен план во Делчево за утревечер, 7 август 2020 година во просториите на Спомен дом АСНОМ е закажан настанот ,,Делчевска културна разгледница”.

-На настанот со свои поетски и прозни творби ќе се претстават роднокрајни автори од делчевско. Предвиден е и театарски дел со настап на популарното ,,Експериментално театарче” со изведба на сатира напишана од афористичарот Миле Ѓорѓијоски, информираа дел од учесниците.

Настанот е во рамки на Делчевското културно лето под маски во организација на Националната установа Центар за култура ,,Никола Јонков – Вапцаров” од Делчево.

Еве ја најавата за настанот:

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*