Ковид-19 ги откажа иселеничките средби во Делчевско

Ковид-19 пандемијата откажа голем број настани, а меѓу нив и средби кои низ минатите години ги организираа иселениците.

Една од најпознатите средби кои по 12-пат требаше да се одржат е Црвенџиската средба, семејна средба на семејството Васеви кои низ годините прерасна во бренд на село Бигла и пошироко. Средбата е карактеристична по тоа што секоја година се одржува во чест на Св.Пантелејмон каде роднини и пријатели на семејството Васеви, но и гости од други градови познаници на семејството во дворот на популарната нивна вила го слават христијанскиот празник и прават голема веселба со свечен ручек. Средбата ја иницира Бошко Васев, последниот член од семејството кој е роден во село Бигла кој е успешен бизнисмен во Германија и со своето посредништво им помогнал на многу Македонци да зачекорат успешно по патот на успехот.

Еве ја историјата за Црвенџиската средба која годинава нема да се одржи

РАЗГОВОР СО БОШКО ВАСЕВ – ВО ПРЕСРЕТ НА ЈУБИЛЕЈНАТА 10 ЦРВЕНЏИСКА СРЕДБА

Gepostet von delcevo365.mk am Montag, 30. Juli 2018

Еве како изгледаше Црвенџиската средба минатата година

Кога сме кај иселеничките средни годинава ќе изостане и иселеничката средба во делчевското село Град која традиционално секоја година првата недела по Илинден ги собираше селаните на сред село да се извидат, да се изнаиграат и да се потсетат на времињата кога селските свадби и игранки беа најпопуларни меѓу мештаните, а селото беше полно со народ.

Иницијатор на средбата е исленикот Марјан Маџовски чија изјава за иницијативата за оваа средба ви ја пренесуваме во целост.

Годинава изостанаа и останатите збиднувања во село Габрово, се ближи и популарната Расадничка вечер која поради пандемијата најверојатно исто така ќе изостане.

Сепак да посакаме дека догодина организаторите ќе успеат повторно да ги рестартираат овие средби со што повторно ќе бидеме сведоци на весели моменти во 2021 година.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*