Се изготвува функционална анализа за работата на ЈЛБ ,,Илинден” Делчево

Во Делчево одржана обука за изготвување функционална анализа за работата на Јавната локална библиотека „Илинден“. Обуката како што информираше директорката Билјан Петровска е во рамки на законската регулатива и според правилникот за усогласување на работата на самата институција.

-Јавната локална библиотека „Илинден“ Делчево согласно законската регулатива продолжува понатаму со своите активности усогласувајки ги Правилникот за внатрешна организација на институцијата, како и правилникот за систематизација на работни места во библиотеката. Функционалната анализа која се изготвува за таа цел е основен документ и индикатор според кој се утврдуваат наоди и мислења за потребите на институцијата во насока на подобрување на ефикасноста, ефективноста и квалитетот на услугите кои ги нуди библиотеката кон граѓаните и другите институции, рече Петровска.

Директорката додава дека во текот на летниот период е зголемена посетата на библиотеката која ги почитува протоколите за работа во услови на Ковид-19.

-Зголемување на посетеноста се должи на се поголемата заинтересираност на студентите кои се почесто ја бараат стручната литература која им е потребна за нивно стручно надоградување во рамки на факултетите на кои студираат, рече Петровска.

Како дел од своите активности од библиотеката додадоа дека во соработка со Здравствениот дом во Делчево утре ќе се одржи промоција на делото ,,Корона катрени” од авторот Васил Маневски.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*