Пациентка од Делчево хоспитализирана по утврдувањето на присуство на коронавирус

Повозрасна пациентка од Делчево заврши во болница откако по направените тестирања кај неа е утврдено присуство на Ковид-19. Ова денес го потврди директорката на делчевскиот здравствен дом, Марија Глигоровска која информираше дека со цел спречување на ширење на заразата, надлежните веќе прават анализа на контактите на пациентката.

-За жал можам да кажам дека од вчера добивме лоша вест. Се работи за наша повозрасна сограѓанка која е заболена од Ковид-19. Епидемиологот во моментот утврдува дали се работи за интрахоспитална инфекција или се работи за инфекција која си ја однесе од тука во болницата. Се прави анализа на сите контакти кои ги имала пациентката. Нашата сограѓанка пред да биде однесена во болница е снимена на рентген во нашата болница, тука на брзата помош, прегледувана е на интерно и во домашни услови, поради што правиме анализа на контактите во самата болница. Нашите лекари сите беа со заштита добро беа заштитени, при што е констатирано е дека нема никаква опасност помеѓу лекарите, информираше Глигоровска.

Она што загрижува според Глигоровска е контактите кои ги имала пациентката, поради што од Здравствениот дом се сомневаат на уште еден пациент кој веќе е тестиран и резултатите ќе бидат објавени наскоро.

-Имаме уште еден сомнителен случај кој контактирал со нашата сограѓанка. Иако имала многу контакти, се надевам дека нема да има други позитивни и заболени. Конечниот список на контакти на заболената се детектира, на најблиските контакти од семејството денеска им се прават тестови, исто како и на момчето кое работело како мајстор во семејството. Останатите се анкетирани и се уште се детектираат. На сомнителното лице и неговото семејство кое не е во сродство со нашата сограѓанка, треба да се направи анкета, тоа веќе го работи епидемиологот, Пациентката засега како што кажав е хоспитализирана во болница и посакувам да нема нови заболени меѓу семејството, во околината и пошироко меѓу нашите сограѓани, пациенти и нашите вработени, додаде Глигоровска.

Во изминатите 6 месеци Глигоровска како најдобра заштита ја посочи заштитната маска, за што на граѓаните им препорача да се придржуваат кон оваа обврска. Во однос на работата на установата рече дека ќе продолжи спроведувањето на редовни и вонредни мерки за дезинфекција.

-Сега за сега се е под контрола, ние тука во домот дезинфецираме, пред да примиме друг пациент, после секое снимање на рентген се деизнфецира апаратот, така да можат да бидат спокојни во тој поглед пациентите. Од вчера особено повторно се интензивира дезинфекцијата на комбињата на Итната помош и сите останати оддели. Правиме се што можеме, меѓутоа бараме помош и од граѓаните, да ги почитуваат мерките како првиот пат што беа дисциплинирани. Особено упатуваме апел до младите да се придржуваат до мерките, да носат маски и да држат дистанца, бидејки маската се покажа како најдобра заштита во изминатите 6 месеци, дополни Глигоровска.

Резултатите од ново тестираните, како што додадоа од Здравствениот дом ќе стигнат за два три дена, а дотогаш детектираните контакти ќе бидат во изолација.

Од Здравствениот дом кој раководи и со Здравствената станица во М.Каменица информираа дека во оваа општина каде има 3 активни случаи на Ковид-19, направени се тестови по трет пат и сите се негативни.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*