Граѓаните на Берово на форум дадоа зелено светло за подобрување на условите во Детската градинка ,,23 Август”

Мнозинството граѓани денеска на четвртата форумска сесија одржана во Берово одлучија со средства од проектот „Зајакнување на општинските совети” да се реализира проект за подобрување на условите во детската градинка „23 Август” во Берово. Како што истакнаа учесници на форумот од работната маса „Детска заштита“, со реализација на оваа активност ќе се заокружи постапката за доградба на четири занимални во градинката.

-Во моментот во тек е постапка за доградба на 4 занимални, постапка која е во финална фаза, по што со средствата од проектниот форум ќе се овозможи и вантрешно уредување на градинката, истакнаа од работната група.

Претставникот од УНДП, Лејла Небиу, која учествуваше на четвртатата форумска сесија се заблагодари на општина Берово за успешно спроведениот процес и посака успешна и навремена реализација на прворангораниот проект, додека во своето обраќање до присутните градоначалникот Звонко Пекевски упати благодарност до донаторот и до сите кои помогнаа во успешната реализација на форумскиот процес.

-Следи период на имплементација на прворангираниот проект, после кој на петата форумска сесија граѓаните ќе имаат можност да проследат презентација за сработеното. Форумот во Берово, беше организиран со почитување на сите мерки за заштита и превенција од КОВИД 19 и истиот беше спроведен со намален број присутни, заради актуелната состојба во Берово, истакна Пекевски.

Прворангираниот проект ќе биде финансиски поддржан од страна на Швајцарската агенција за развој и соработка. Истиот е имплементиран од УНДП во партнерство со Министерството за локална самоуправа, Министерството зa финансии, Заедницата на единиците на локалната самоуправа, Здружение на финансиски работници и UN Women.

Изјавата на градоначалникот Звонко Пекевски во продолжение:

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*