Расчистена руината од невремето во Берово

Поројниот дожд во Делчево и силниот ветар денес предизвикаа големи проблеми за дел од жителите во овие два градови. Во Делчево најзафатено од дождот е подрачјето на улицата Булевар Македонија која повторно е поплавена од поројниот дожд додека во Берово ветрот ,,кутна” неколку стари дрвја и кровови во близина на центарот на градот.

Како што информира Билјана Каламадевска од општина Берово екипи од ТППЕ Берово, комуналното претпријатие и други служби излегоа веднаш на терен заедно со градоначалникот и работеа на санирање на состојбата.

-Благодарение на брзата интервенција на комуналните служи и територијалната протвпожарна единица, руината која денеска настана од поројниот дожд и ветер во Берово, е брзовремено расчистена. Општина Берово упатува голема благодарност, до сите, кои се вклучија во расчистувањето на теренот и дадоа свој придонес во брзто враќање на сообраќајот во центарот на Берово во нормала, истакна Каламадевска.

Во продолжение неколку фотографии од невремето во Делчево и Берово и акцијата за расчистување на руината во Берово.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*