Делчевскиот здравствен дом ги зајакнува ресурсите за борба против Ковид-19

Со набавка на 20 кревети и душеци делчевскиот здравствен дом ги зајакнува своите ресурси за борба против коронавирусот. Како што информираше директорката на здравствениот дом Марија Глигоровска, набавката се реализира во соработка со Министерството за здравство при шт одел од креветите ќе бидат распределени и во М.Каменица.

-Ова е редовна набавка во насока на борба против коронавирусот. Набавката е од Министерството за здравство и се состои од кревети и душеци, со тоа што дел од овие 20 кревети освен во Делчево ќе бидат распределени и во здравствената станица во Македонска Каменица со која раководи делчевскиот здравствен дом. Тие ќе бидат сместени во дневната болница и во соба за изолација. Знаете дека се прошири коронавирусот и во нашата општина, така што целта на оваа набавка е да одговориме на предизвикот и со средства и со работа, рече Глигоровска.

Директорката на делчевскиот здравствен дом информираше дека до денес претпладне во Делчево има 4 нови позитивни случаи со Ковид-19.

-Од тие две деца се во Скопје, не се вратени, епидемилогот работи на изолирање на контактите, при што ќе ги изолира првите и вторите контакти со што дополнително ќе знаеме колку лица ќе бидат во изолација. Знаете дека постојано пристигнуваат резултати и од сабајле и после ручек, сега за сега се само 4 случаи за денес, додаде Глигоровска.

Во однос на претходните случаи таа навести дека наскоро еден од првите случаи кои се појавија пред повеќе од две недели наскоро би можел да биде пуштен од болница.

-За жал се уште нема оздравени пациенти од појавата на најпрвите случаи кои пред повеќе од две недели беа регистрирани во нашиот град, иако имам неофицијална информација дека еден од нашите болни е негативен со прв тест и веројатно ќе биде пуштен. Веројатно се чека втор негов тест, но се чека официјална информација, верувам на општо задоволство на сите нас. Се надевам дека многу брзо ќе почнат нашите болни да се враќаат и позитивните да се негативизираат. Останатите кои беа во изолација таа им заврши по што тие се враќаат на работа, додаде Глигоровска.

Директорката апелираше на понатамошно почитување на мерките за спречување на ширење на заразата. Додаде дека народотсе враќа на стариот начин на почитување на епидемијата, граѓаните како што додаде се послушни, носат маски, држат растојание поради што изрази надеж во скоро време да се совлада како што рече „Чумата на 21 век“.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*