Корона катрените на Васил Маневски промовирани во Пехчево

Во организација на Матичната библиотека ,,Кочо Рацин” и Организацијата на жени од општина Пехчево денес во училишниот двор на деветолетката ,,Ванчо Китанов” во Пехчево се одржа промоција на делото ,,Корона катрени” од авторот Васил Маневски. 

Како што информираше директорката на библиотеката Габриела Костадинова, ова е прва промоција по пауза од шест месеци поради пандемијата.

-Во рамки на истата беа запазени сите протоколи за одржување на вакви настани во услови на пандемија. На настанот извадоци од делото на Маневски читаа членови на рецитаторската секција при библиотеката додека во музичкиот дел свој настап имаше и професорот по музичко, м-р Драган Колевски. Делото содржи прекрасни катрени на тема коронавирус, во кои е направен прекрасен опис на состојбите за време на пандемијата од гледна точка на самиот автор, рече Костадинова.

Од библиотеката додадоа дека денешната промоција е по повод празникот Голема Богородица и најавија дека следниот ваков настан со почитување на сите протоколи за заштита од Ковид-19 е планиран за време на одбележувањето на Денот на ословодувањето на Пехчево – 7 Септември. 

Делото ,,Корона катрени” претходно бепе промовирано во Делчево.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*