Делчевската детска градинка „Весели цветови“ подготвена за безбеден престој на децата

Делчевската градинка ,,Весели цветови” е подготвена за почеток со работа и безбеден престој на децата во установата. Директорката на установата Билјана Симовска информираше дека врз основа на направената анализа од доставената документација од родителите, просторните услови на градинката и протоколите за работа, бројот на деца кои ќе бидат опфатени на ниво на градинка, во овој период, двојно се намалува.

-Првично, согласно насоките од МТСП ќе бидат опфатени само децата на двајца вработени родители за што родителите обезбедија потврда од работодавачите и деца на самохрани родители согласно со просторните услови и протоколот за работа  е преполовоен бројот на згрижени деца. Секој родител на овие дечиња достави потпишана изјава со која се обврзува да го почитува изготвениот протокол за родители со цел максимално да се заштитиме од ширење на КОВИД -19. Во изјавата за родителите  најмногу внимание се посветува на сигурноста и здравјето на децата. Родителите ќе мора да почитуваат временска рамка на донесување и земање на децата согласно со нивните потреби, за што максимално се заложивме да ги исполниме, задолжително ќе мора да водат сметка за здравјето на децата и навремено да реагираат и известуваат. Во изјавата е наведено дека само 2 лица ќе можат да го носат и земаат детето, согласно протоколот притоа носејки заштитна опрема и почитувајки ги дадените насоки од градинката, истакна Симовска.

Во детската градинка како што додаде таа е изготвен распоред и сите вработени се запознати со нивните протоколи и одговорности согласно со протоколите. 

-Најмногу внимание ќе се посветува на хигиена и дезинфекција за што се обезбедени сите неопходни дезинфекциски и средства за чистење, при што на секој влез од градинката ќе биде поставена дезибариера која ќе служи за дезинфекција на чевлите на родителите, децата и на вработените. Децата се нашето најголемо богатство, но за да можеме да ги заштитиме ќе мораме сите заеднички максимално да се вложиме. За таа ги известуваме родителите дека ние како установа презедовме максимално сè за безбедно отпочнување со работа. Од нив единствено што бараме е да бидат одговорни и да ги почитуваат, протоколите и потпишаната изјава, порача Симовска.

Согласно протоколот во рамките на установата таа информираше дека се изготвени и посебни интерни протоколи кои се однесуваат на различните оддели со вработени меѓу кои и протоколи за воспитно-згрижувачкиот кадар, протоколи за помошно- техничкиот персонал, протоколи за работа на главни и чајни кујни, протоколи за лица одговорни за дистрибуција на храна од главна кујна до другите објекти како и протоколи за лица задолжени за мерење на температура на вработените и децата.

Детската градинка „Весели цветови“ во Делчево од 9 септември ќе згрижува 189 дечиња од веќе примените 370. Намалувањето на бројката на згрижени дечиња како што додадоа од градинката се намалува врз основа на направената анализа од доставената документација од родителите, просторните услови на градинката и протоколите за работа. 

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*