Се асфалтираат улиците во населба Басарица

Деновиве започна асфалтирањето на улиците во населбата Басарица со што започна завршната фаза од реализацијата на проектот со кој беше опфатена изградбата на првите улици во населбата во должина од 1 км. Увид во работите денеска направи градоначалникот Горан Трајковски кој истакна дека реализацијата на проектите продолжува со планираното темпо.

-Ми претставува задоволство што реализираме капитални проекти кои значат подобар квалитет на животот на граѓаните. Деновиве почна поставување на асфалтот и очекувам за неколку дена да завршат работите со што населбата Басарица добива нов урбан лик онаков каков што заслужува секоја населба.  Сакам да изразам големо задоволство што решивме уште еден голем проблем за жителите од оваа населба кои со децении газеа кал и живееја во прашина, истакна Трајковски.

Во Басарица се изградија 6 улици во должина од 1 км со ширина од 6 м и тротоари со ширина од 1,5 метри за поголема безбедност на пешаците.

-Сакам да потенцирам дека, кога е оваа населба во прашање, изградбата на улиците нема да заврши со овој проект. Имено, ги имаме проектирано сите улици во населбата и во следниот период ќе се прават напори за комплетно заокружување на инфраструктурните проблеми во населбата, рече Трајковски.

 Трајковски потсети дека претходно во населбата се изгради атмосферска канализација по должина на улиците кои се во изградба, но и фекална канализација на потегот Басарица-с. Полето во должина од 2 км.

Вредноста на проектот патна инфарструктура и канализација во населабата е околу 25 милиони денари, средства  од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој преку  Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделието и руралниот развој.

Трајковски: Реализираме капитални проекти за подобар животот на граѓаните

Трајковски: Реализираме капитални проекти за подобар животот на граѓаните

Gepostet von delcevo365.mk am Donnerstag, 3. September 2020

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*