Прва активност од проектот „Поддршка за ранливи категории во услови на коронакриза“ во Делчево

Во Делчево реализирана првата активност од проектот „Поддршка за ранливи категории во услови на коронакриза“ во Делчево. Активноста ја спроведоа членови на Невладината организација „Тернипе МК“, чиј претставник Ермина Реџепова информираше дека истата се состоеше од делење заштитни маски како и промотивен материја за заштита од вирусот Ковид-19.

-Во проектот се предвидени повеќе активности а денешната е насловена информациона средба. Во неа се поделени информативни материјали со совети како најлесно да се заштитиме од Ковид-19. Во проектот ни се предвидени уште два информативни пункта, едниот ќе биде организиран на улица „Генерал Темпо“, а вториот во Здравствен дом „Гоце Делчев“ во Делчево, рече Реџепова.

Граѓаните ја поздравија активноста на младите активисти од делчевската невладина организација.

-Треба да се пазиме сите, сите да сме одговорни, маски да носиме, да не се групираме и многу, многу да не шетаме, истакна граѓанин на Делчево.

Невладината организација „Тернипе МК“ овој проект го реализира со поддршка на Владата на РСМ преку секретаријатот за соработка со Невладини организации, во партнерство со градоначалникот на општина Делчево и Општинската организација на Црвен Крст од Делчево.

Прва активност од проектот ,,Подрршка за ранливи категории за време на коронакризата"

Gepostet von delcevo365.mk am Samstag, 5. September 2020
Прва активност во рамки на проектот „Поддршка за ранливите категории граѓани во време на коронакриза“

Прва активност во рамки на проектот „Поддршка за ранливите категории граѓани во време на коронакриза“

Gepostet von delcevo365.mk am Samstag, 5. September 2020

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*