Преку „Форум во заедниците“ во Берово набавено ново возило за подобрување на комуналната хигиена

Во општина Берово продолжува реализацијата на проекти за подобрување на комуналните услуги за граѓаните. Како резултат на проектот „Форуми во заедницата“, општина Берово набави приклучна машина за чистење на канализации, проект кој што на минатогодишниот буџетски форум, граѓаните го избраа како најприоритетен.

-По спроведената јавна набавка, возилото денеска пристигна во општина Берово и наскоро ќе се стави во функција за потребите на граѓаните и усовршување на сервисните комунални услуги. Набавката на ова возило, ќе придонесе за побрза интервенција, ќе заштеди пари и време а граѓаните ќе добијат подобар сервис на услугите, истакнаа од Општината.

Со набавката на возилото надлежните очекуваат значително олеснување на работатат на вработените, со што досегашните рачни интервенции ќе станат минато.

-Со тоа дополнително ќе се заштитат имотите на населението од поплави и ќе се добие функционална канализациона мрежа на територијата на општина Берово, додадоа надлежните.

Приклучна машина за чистење на канализации, со одлука на Совет ќе биде преотстапена на Јавното претпријатие за комунални работи „Услуга“ од Берово, а за истата од општинскиот Буџет ќе бидат исплатени вкупно 977 илјади денари.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*