Клубот на млади при Општинската организација на Црвен крст Делчево денес го одбележаа 12 Септември – Светскиот ден на првата помош. Мотото на одбележувањето годинава е „Прва помош во услови на пандемија“, а во таа насока младите волонтери денес реализираа неколку показни вежби меѓу кои и показни вежби за Безбедно ставање заштитна маска, Укажување прва помош на лице во несвесна состојба во време на Ковид 19 и Преврска на скршеница на натколеница во време на Ковид-19.
Показан вежба бр.1
Показна вежба бр.2
Показна вежба бр.3.
Во рамки на денешното одбележување од Клубот на млади при Црвен крст Делчево денес на граѓаните на Делчево им поделија прирачник за укажување Прва помош.
Светскиот ден на првата помош се одбележува ширум светот секоја година во втората сабота во месец септември. Првата помош е од голема важна во спасувањето на човечки животи, но неопходна е соодветна обука и знаење за укажување на прва помош. Од таа причина се организираат настани и активности со цел подигнување на јавната свест за пружање на прва помош и спасување на живот во секојдневни и кризни ситуации, како и промовирање и застапување на заложбите за поседување на знаење и вештини за укажување на првата помош кај пошироката јавност.
Знаењето и вештините за давање на прва помош треба да бидат достапни за сите. Општинската организација на Црвен крст Делчево континуирано работи на обука на различни категории на граѓани и волонтери за давање на прва помош. Вештините за укажување на прва помош се едноставни и потребна е самодоверба за истите да се користат.

Leave a Reply