„Голачка Срна“ реализираше 16 километарски марш до месноста Свети Води

Во организација на планинарското друштво „Голачка Срна“ во Делчево, реализиран планинарски марш до месноста „Свети Води“ над селото Тработивиште. Како што информираа од друштвото планинарскиот марш бил со вкупна должина од 16 километри.

-Маршот се одвиваше по прилично лесна патека, прв пат по неколкумесечната пауза поради Корона пандемијата. Планинарите се движеа на потребната дистанца посетувајки ја месноста Свети Води каде се смета дека во испосничката ќелија која се наоѓа во близина на местото престојувале Светите браќа „Кирил и Методиј“. Се верува дека трите извори го носат името на трите светителки, Света Богородица, Света Недела и Света Петка, истакнаа од „Голачка Срна“.

Маршрутата како што додадоа успешно ја поминале сите 16 планинари кои потоа имале заедничка дружба кај локалитетот „Желевица“.

-Овае локалитет кој изобилува со природна Брегалничка риба сместен во живописната природа на Тработивиште. Се наоѓа од левата страна на патот Делчево – Пехчево и е честа мета на туристи од цела Македонија, додадоа од друштвото.

Делчевското планинарско друштво кое се состои претежно од пензионери со вакви и слични планинарски акции најавија борба против коронавирусот кој според нив е најголемо зло на денешницата. Вчерашниот планинарски марш се реализирал во чест на верскиот празник Св.Јован Опсечен.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*