Паркингот кај Детската градинка „23 Август“ во Берово наскоро во ново руво

Во општина Берово започнуваат активности за изградба на паркинг простор кај детската градинка ,,23 Август”. Изградбата на паркинг простор беше изгласан како прироритетен проект во рамки на Форумите во заедницата организирани 2018, проект кој поради немање техничка документација ќе се реализира во наредниот период.

-Со реализација на овие активности паркинг просторот ќе биде целосно реконструиран. Се работи за проект кој беше изгласан како прворангиран на Буџетскиот форум во 2018 години, меѓутоа заради технички проблеми, односно немање техничка документација. Во меѓувреме направени се измени на документацијата и нејзино дополнување, со што проектот е комплетиран со сите потребни документи, за што веќе е распишан повикот за јавна набавка на изведувач на градежните работи, информираа надлежните.

Градоначалникот на општината Звонко Пекевски додаде дека проектот е од големо значење за родителите на децата кои престојуваат во детската градинка, но и за станарите во станбената зграда.

-Со негова изградба ќе се подобри патната инфраструктура, ќе им се олесни пристапноста, а исто така ќе стане и пријатно место за рекреативни активности и уживање, вели Пекевски.

За овој проект, во општинскиот Буџет се предвидени нешто над 1,8 милиони денари, но како што додаваат надлежните од понудата на најповолниот економски оператор ќе зависи колку ќе потроши општината за оваа намена.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*