Рудник Саса: Дефект на насипот на јаловиштето број 4 причина за истекување на јаловиштето во Каменичка Река

По истекување на јаловиште во коритото на Каменичка река со соопштение излегоа од рудник Саса.  Во соопштението се вели дека денес околу шест часот наутро се случил дефект на насипот на јаловиштето број 4 на рудникот Саса, предизвикувајќи краткотрајно истекување на јаловишни води во локалниот речен тек. Набргу по дефектот како што додаваат, истекувањето е запрено и состојбата е нормализирана. 

-Професори од рударскиот факултет во Штип и градежниот факултет во Скопје, заедно со стручни екипи на компанијата, отпочнаа детална истрага за да ги утврдат причините за инцидентот. Првичните резултати од истрагата покажаа дека дефектот не претставува закана за здравјето и безбедноста на вработените во рудникот и на жителите во неговата околина, информираа од рудникот.

Дополнително, постапувајќи согласно одредбите од Законот за заштита на животната средина и правилата од А-интегрираната еколошка дозвола, за настанот како што додадоа се известени и сите надлежни институции на државно и локално ниво. 

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*