Во Делчево 1 починат и седум новозаболени од Ковид-19

Еден починат пациент и седум новозаболени од Ковид-19 е денешниот биланс во Делчево. Делчево повеќе од еден месец е меѓу градовите со зголемен број на случаи на лица, кај кои по тестирањето е регистирано присуство на вирусот, а денес граѓаните ги растревожи и веста за починат пациент на возраст од 43 години.

Пациентот како што соопштуваат здравствените надлежни пред извесен период беше хоспитализиран, а денеска за жал ја изгубил битката со вирусот.

-За жал веста е трагична за целиот град, се работи за младо лице, сопруг на медицинска работничка, кој што по позитивниот тест беше хоспитализиран и повеќе недели се лекуваше. За жал на крај сето тоа заврши со лошо сценарио, истакнаа здравствените надлежни.

Додаваат дека ова е трет случај на починат пациент од вирусот во Делчево.

-Ова е прв случај на починато лице под 45 години од Ковид-19 во Делчево. Претходните случаи беа кај пациенти на подоцнежна возраст, што сепак е жално, бидејки се работи за изгубени животи. Ова е доказ дека никој не треба да се потсмева со вирусот, бидејки вирусот не знае за години и вораст, додадоа надлежните.

Почит на 43 годишниот починат пациент од Ковид-19, денес му оддадоа делчевските советници, кои поради смртта на сопругот на својата колешка, ја одложија седницата на која требаше да се дискутира за условите под кои ќе започне новата учебна година во делчевските училишта.

Според статистиката денес во Делчево има четворица оздравени од коронавирус. Бројката на активни случаи од Ковид-19, со новите седуммина заразени се искачи на 76 лица, од кои од почетокот на пандемијата има и 26 граѓани од М.Каменица, кај кои е регистрирано присуство на коронавирус.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*