Се гради последниот крак од фекалната канализација во населба Басарица

Се гради последниот крак од фекалната канализација во делчевската населба Басарица. Активноста како што информираа од општината опфаќа изградба на канализација во должина од 290 метри.

-Екипи на Јавното комунално претпријатие „Брегалница“ интензивно работат на изградбата на последниот крак од фекалната канализација на потегот Басарица-село Полето. Станува збор за изградба на фекална канализација во должина од 290 метри со што комплетно ќе се реши проблемот со отпадните води во населбата, информираа од општината.

Работите како што додадоа треба да завршат за десетина дена, а инвеститор е Општина Делчево.

-Кога сме кај оваа населба минатата година на потегот Басарица – село Полето беше изградена фекална канализација во должина од 2 километри. Средствата се обезбедени од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој преку Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделието и руралниот развој, додадоа од општината.

Во рамки на градежните активности во овој потег на градот неодамна во должоина од 1 километар заврши и асфалтирањето на првите улици во населбата Басарица.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*