Делчевскиот совет ја одржа 45-тата седница

Делчевскиот совет ја одржа 45-тата седница. На седницата беше донесена одлука капелата со ладилник и помошни простории со вкупна површина од 190 м2 да се даде на користење на ЈКП „Брегалница“ од Делчево, со што корисникот се задолжува објектот да го стави во функција, да стопанисува со него, да го чува и одржува во исправна состојба и да го користи исклучиво за намената за која е изградена.

На 45 Седница на Советот, советниците ги усвоија и годишните извештаи за периодот 2019/2020 и програмите за работа за 2020/21 на СОУ „М.М.Брицо“ и на ОЈУДГ „Весели Цветови“, а дадоа и согласност за работното време на објектот 1 на детската градинка кое ќе започнува во 5 ч наутро, а ќе завршува во 18 ч. Инаку, овој објект, познат како стара градинка, каде досега беа сместени пониските одделенија од ООУ „Св.Климент Охридски“, со Одлука на Советот од претходната Седница, а по претходна согласност на МТСП и МОН, е повторно даден на користење на градинката.

Како што истакна директорката на ОЈУДГ „Весели цветови“, Билјана Симовска, со ставањето во функција на згрижување на дечиња во овој објект, ќе се намали бројот на листата на чекање за прием на дечињата во градинката, а ќе се овозможи и прием на сите дечиња со двајца вработени родители согласно со протоколот. Планирано е во овие просториите да се згрижат 66 дечиња, а директорката Симовска најави дека кон крајот на оваа недела ќе се пристапи кон преадаптација на просториите.

Советниците донесоа и Одлука со која го утврдија начинот, условите и динамиката на собирање, транспорт и депонирање на комуналниот цврст отпад во село Разловци коешто ќе го врши ЈКП Брегалница-Делчево еднаш седмично согласно со Оперативниот план за собирање на отпад, а цената за собирање, транспорт и депонирање на комуналниот цврст отпад за домаќинствата е непроменета од 2009 година и изнесува за домаќинства 2.10 ден/м2 од станбена површина и 0,10 ден/м2 од дворна површина.

Советниците го усвоија и Извештајот за спроведување на Програмата за јавна чистота во Општина Делчево за 2019, а донесоа и повеќе одлуки поврзани со урбанистичкото планирање.  

Дел од дискусиите во рамки на денешната 45 седница проследете ги во продолжение:

Дел од дискусиите во рамки на денешната 45-та седница на Советот на Општина Делчево

Дел од дискусиите во рамки на денешната 45-та седница на Советот на Општина Делчево

Gepostet von delcevo365.mk am Mittwoch, 30. September 2020

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*