Италијанецот Габриеле Пиа бара дистрибутери за пласман на италијански производи во Македонија

Италијанскиот државјанин Габриеле Пиа бара дистрибутер за Источниот дел во Македонија кој ќе му помогне да пласира дел од своите производи за поширока употреба. Претставувајки ги своите производи господинот Габриеле информираше дека се работи доста корисни производи кои се употребуваат во скеојдневието, а можат да им бидат од голем корист на луѓето.

-Јас сум Габриеле Пиа и доаѓам од Асти, градот на виното. Овде сум со мои пријатели преку кои барам дистрибутер за вашиот крај со кој се надевам ќе имаме одлична соработка за пласирање на производите кои јас ги нудам, а имаат широка употреба во секојдневието. Првиот продукт е наменет за подобра хигиена во тоалетите. Продуктот е наменет за секојдневна употреба, се монтира на WC школките и има неколку начини на употреба, работи под притисок, има два излези кои имаат своја намена. Производот многу се користи во земјите од Ориентот. Овде слабо се запознаени со овој производ и затоа сакам да стапам во контакт со заинтересирани лица за поширока потрошувачка. Производот е одличен за луѓе кои имаат проблем со моториката, за жените и постарите луѓе. Многу брзо и лесно се чисти и нема потреба од дополнително биде. Вториот модел ја има истата функција и исто така има одлична примена кај луѓето. За нормално чистење се регулира со копче за притисокот. Направен е од добар материјал кој не е кршлив и цената е достапна за секого, не само за побогатите луѓе, вели италијанецот Пиа.

Вториот производ за која Габриеле вели дека наоѓа широка примена во европските земји е наменет за извлекување на влагата од домовите на луѓето.

-Имам и друг производ кој сакам да го пласирам на овдешниот пазар, се работи за електромагнетен производ за извлекување на влагата од куќите, фантастичен производ со електро магнетна емисија преку кој вишкот вода од ѕидовите се извлекува и оди надвор од куќата. За одреден период со негова помош се извлекува целата влага од домовите на луѓето. Засега е производ кој поединечно се продава од цена од 60 илјади денари, но плановите ни се, да биде наменет за широка потрошувачка, за што исто така сакам да најдеме дистрибутери да го распространиме во Македонија. Работи на електрична енергија, нема голема потрошувачка и лесно се користи, вели Пиа.

Во продолжение видеото со неговото објаснување за корисноста на производите.

Италијанецот Габриеле Пиа бара дистрибутер за пласман на своите прoизводи во Македонија

Италијанецот Габриеле Пиа бара дистрибутер за пласман на своите прoизводи во Македонија (Контакт Whats up 0039335444532)

Gepostet von delcevo365.mk am Samstag, 3. Oktober 2020

На следната веб страна може да се прочита многу повеќа за самите производи кои наоѓаат широка примена во западно европските земји.

Сите заинтересирани кои сакаат да го контактираат господинот Габриеле Пиа тоа можат да го сторат на Whats Up на телефонскиот број: 0039335444532

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*