Успешен почеток на ловната сезона во Делчево

Успешен почеток на ловната сезона во Делчево. Барем за групата од 5 ловџии кои утрово имаа успешен отстрел на вепар кај месноста Луковица во атарот на село Разловци. На фотографијата која ја сподели ловџијата Новко Илиевски се гледа отстрелан вепар околу 120 килограми. Тој вели дека од вкупно 5 диви свињи успеале да отстрелаат едно и да го забележат првиот плен во новата сезона.

-Од денеска почна ловната сезона. Вепарот е уловен во месноста Луковица, во атарот на Разловци. Групата ни е составена од 5 члена меѓу кои јас Новко Илиевски, Горан Цветковски,Славе Стојановски Ванчо Симевски и Бранко Малчев кој е еден од најстарите ловџии. Неговот искуство ни е драгоцено, бидејки најдобро од сите нас знае каде поминуваат дивите свињи. Денес забележавме околу 5-6 диви свињи, од кои едно „падна“, вели Илиевски.

Првата недела од почетокот на ловната сезона како што додава е резервирана исклучиво за диви свињи, додека од другата недела почнува и ловот на зајак.

Во Делчевскиот регион има вкупно 7ловишта меѓу кои Киселица Голак, Бигла, Влаина, Тработивиште, Бејзаз Тепе – Средна. Ловот е дозволен секоја недела и за време на државен празник.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*