Во Делчево финишираше проектот за дигитална писменост преку иновативен пристап во учењето

Во Делчево финишираше проектот „Дигитална писменост за иновативен пристап во учењето“. Проектот од почетокот на годината го спроведуваше Регионалниот центар за застапување и истиот како што информираше координаторот Ро дне Деолска имаше зацел подобрување на дигиталната писменост кај основците и средношколците во Делчево.

– Главната цел на овој проект беше да ја подигнеме свеста за дигиталната писменост, посебно кај средношколците, затоа што тоа се некако целна група која што многу повеќе ги користи дигиталните алатки и многу повеќе користи интернет. Целта беше да се користат интернет алатки и интернетот како извор на информации, но и да се најдат клучните информации за да се вметнат во воспитно образовниот процес, рече Деолска.

Преку овој проект како што додаде координаторката изработена е мобилна апликација која содржи корисни информации кои ќе им послужат на ученците при формалниот воспитно-образовен процес.

-За успешно фунцкионирање на таа мобилна апликација заедно со професорите направивме избор на најважни интернет канали, кои содржат информации за образовниот процес, истите ги ставивме во таа мобилна апликација. Сега секој ученик може да се најави со свој профил заедно со наставниците да се регистрира и слободно може да ги користи тие информации кои се еден вид додатна литература и дополнителни документи во оној формален процес кој што веќе го имаат, додаде  Деолска.

Проектот е дел од регионалниот проект „Медиуми за граѓаните – грачаните за медиумите“ кој во Македонија го регрантира МИМ.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*