Прв случај на позитивен на Ковид-19 во каменичката гимназија

Регистриран првиот позитивен случај кај просветен работник во М.Каменица. Лицето е вработено во каменичката гимназија “Миле Јаневски – Џингар” од каде информираат дека станува збор за професорка кој доаѓа од соседната општина Делчево.

-Последниот контакт со колегите, вработената го имала минатата среда при одржување на редовни состаноци и координации поврзани со почетокот на новата учебна година. Од страна на училиштето се почитувани сите мерки и протоколи за заштита од Ковид 19. Редовно се користени средства за дезинфекција и заштитни медицински маски при престојот во училиштето, велат од гимназијата.

Според информациите од епидимиолошката служба при Здравниот дом “Гоце Делчев” во Делчево, станува збор за асимптоматски случај на Ковид 19.

-Сите лица со остварен контакт во изминатите денови се изолирани и ги следат препораките на надлежните здравствени власти, информираа лекарите.

Во Делчево и Македонска Каменица бројот на вкупни случаи од почетокот на пандемијата е 175 лица од кои активни во моментот се 85 лица.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*