Во тек акција за онлајн донации за каменичкиот рудар Санде Цековски

Продолжува голготата за каменичкиот рудар во пензија Санде Цековски. Цековски кој боледува од малигна неоплазма на коски, деновиве беше подложен на две нови операции, кои не може да ги плати. Граѓаните на М.Каменица повторно започнаа мисија за собирање средства за Санде, кој како што информира организаторот и хуманист Дарко Гоцевски, треба да ја плати вкупната сума од 136 илјади денари.

-По втората операција во Аџибадем Систина, тој беше подложен и на 3 мал хируршки зафат, по што побаруваните средства од болницата му се зголемија за нови 136 708 денари. Имајќи во предвид дека подолг период веќе се лекува и сето тоа подразбира трошење на финансиски средства, но имајќи го и фактот дека е задржан во болницата Аџибадем Систина на дополнителни иследувања и превентивни постоперативни мерки, тој дефинитивно неможе да го поднесе финансискиот товар. Затоа во негово име, ја бараме поддршката од сите хумани граѓани, истакна Гоцевски.

Акцијата за донирање за Цековски во моментот тече на социјалните мрежи, каде како што додава Гоцевски граѓаните за неполни три часа успеаа да соберат една четвртина од парите.

-Апелирам до сите хумани да се вклучат во онлајн донациите, со што уште еднаш ќе покажеме дека Македонска Каменица е хуман град, додаде Гоцевски.

Линк за онлајн донациите:

https://www.facebook.com/donate/698103914137192/2109422149190866/

Освен онлајн донациите за каменичкиот рудар, хуманите граѓани уште кратко време ќе можат да донираат и на броевите 143 145 на Телеком и 143 485 на мрежата на А1.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*