ЈЛБ „Илинден“ со пригодни подароци им ја честиташе Неделата на детето на најмалите од ОЈУДГ „Весели цветови“

Јаваната локална библиотека „Илинден“ и Детската градинка „Весели цветови“ продолжуваат со одличната соработка и во услови на Ковид-19. Честитајки им ја Неделата на детето, директорката на библиотеката Биљана Петровска денес им подари пригодни подароци со цел збогатување на содржините за време на нивниот престој во градинката.

-По повод детската недела, библиотеката за дечињата обезбеди сликовници и боенки. Знаеме дека децата сега се згрижуваат под посебни услови и затоа сакаме да направиме нивниот престој овде, кога немаат наставни активности да им биде исполнет со многу приказни и сказни и со многу боички. Децата се нашето најаголемо богатство и оттука одговоноста за нив е на сите нас, рече директорката на Јавната локална библиотека Биљана Петровска.

Директорката на градинката Билјана Симовска искажа посебна благодарност до библиотеката, бидејки како што рече соработката е взаемна и на обострано задоволство

-И денешнот ден покажува дека ако со некоја институција имаме дорба соработка, тоа е нашата библиотека со која имаме соработка од 100 проценти на ниво на општина. Сите планирани активности верувам дека во догледен период ќе ги реализираме заеднички според сите протоколи. Дечињата имаат право да растат, да бидат здрави и среќни и да има кој да се грижи за нив. Ние им се посветуваме и даваме се од себе. Останете сите живи и здрави носете маски, заштитете се, прво вие возрасните,а потоа да ги заштитиме и дечињата – нашето најголемо богатство, рече Симовска.

Додаде дека процесот на згрижување на децата во детската градинка „Весели цветови“ во Делчево по еден месец се одвива без проблеми.

-Детската градинка после подолг период, поточно од 9 септември оваа година започна со опфат на дечиња под посебни протоколи. Верувајте дека срцата ни се полни, бидејки толку многу месеци имаше тишина во овој простор овде што не беше воопшто добро и не беше воопшто убаво. Знаеме дека е опасен вирусот, меѓутоа се трудиме максимално и вработените и родителите, а и дечињата иако се мали знаат што треба да прават, рече Симовска.

На крај од денешното одбележување на Неделата на детето, најмалите со скромни подароци на вработените во библиотеката им посакаа добро здравје подарувајки им подароци кои ќе ги красат витрините на библиотеката.

ЈЛБ „Илинден“ со подароци за најмалите од ОЈУДГ „Весели цветови“ по повод Неделата на детето

ЈЛБ „Илинден“ со подароци за најмалите од ОЈУДГ „Весели цветови“ по повод Неделата на детето

Gepostet von delcevo365.mk am Freitag, 9. Oktober 2020

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*