Спроведена акција за чистење на Беровско езеро

Во Берово спроведена акција за чистење на Беровско езеро. Надлежните информираа дека активностите се дел од напорите на општината за зачувување на животната средина.

-Во акцијата учествуваа екипи на АД ,,Водостопанство” и Јавното претпијатие за комунални работи ,,Услуга”. Во тие рамки исчистени се површините и просторот околу езерото, а е извршено и чистење на сите заштитни зони околу  Беровско Езеро, информираа од општината.

Надлежните апелираа несовесните граѓани совесно да се однесуваат кон зачувување на животната средина.

-Иако одговорните се трудат да ја одржуваат околината чиста и да инвестират на сите да ни биде убаво, одговорноста ни е заедничка и ни припаѓа на сите нас како граѓани. Околу Беровското езеро, природата била толку дарежлива и истурила еден куп благодети и вистински рај за очите и затоа треба да се грижиме да си го зачуваме, она што ни го подарила природата, се вели во апелот на надлежните.

Од АД ,,Водостопанство” и ЈПКР ,,Услуга”  најавија дека со вакви акции ќе продолжат и во иднина,  се со цел да се зајакне свеста кај граѓаните, за заштита на животната средина.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*