Извршено примопредавање на градската капела на ЈКП „Брегалница“

Извршено примопредавање на градската капела на ЈКП „Брегалница“ Делчево. Како што истакнаа од ЈКП „Брегалница“ објектот градска капела и опремата во него по завршување на административната процедура и утврдување на протоколот за работа на капелата, ќе биде ставенво функција. 

Претходно како што информираат надлежните, Општина Делчево за потребите на објектот набави и соодветна опрема и инвентар, додека во наредниот период хортикултурно ќе се уредува просторот околу објектот, а ќе се изгради и паркинг-простор за лесни возила.

Изградбата на градската капела е инвестиција на Општина Делчево, вредна 7 милиони  денари со вклучен ДДВ.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*