Проширени капацитетите на градинката „Весели цветови“ во Делчево

Нови 60 дечиња од денес се згрижени во старата градинка во Делчево. Со ставањето во функција на овие простории, како што истакна директорката на градинката „Весели цветови“, Билјана Симовска, ќе се намали листата на чекање за прием на дечињата во градинката, а ќе се овозможи и прием на сите дечиња со двајца вработени родители, согласно со протоколот за работа на градинките во време на Ковид-19.

– Со години наназад листата на чекање се зголемуваше и сега изнесува 119 дечиња. Сакам да изразам благодарност до градоначалникот и до сите оние кои вложија напори овие простории да се вратат на градинката и да излеземе пресрет на родителите и да направиме поголем опфат на децата од претшколска возраст кои ги згриживме во три возрасни групи. Со тоа сметаме дека се задоволува опфатот на деца во урбаните и во руралните средини, што е и насока и стратегија од МТСП, рече Симовска.

Во изминатите години, како што додаде овие простории ги користеше деветолетката „Св.Климент Охридски“ и заради потребите на градинката и згрижувањето на повеќе дечиња во услови на Kовид-19, тие се преотстапени на детската градинка.

Градоначалникот Горан Трајковски кој ја посети градинката, истакна дека со реализација на оваа активност ќе се овозможи директно и на родителите да одат на работа, а фирмите да немаат отсуства на своите вработени поради таа причина.

-Изминатиот период интензивно се работеше за преадаптација на просториите и нивното ставање во функција на згрижување дечиња од предшколска возраст. Во насока на зголемување на опфатот на деца од претшколска возраст, Општина Делчево и МТСП инвестираат и во отворање градинка во село Разловци, каде деновиве се очекува да започнат и градежните работи за преадаптација на простории во подрачното училиште за опфат на 20 дечиња од ова село. Исто така да напоменам и тоа дека во тек е тендерската постапка за изработка на основна проектна документација за изградба на градинка во населбата Расадник во Делчево, рече Трајковски.

Во наредниот период како што додаде, општината ќе вложи максимални напори да биде изградена градинката во Расадник, со што како што додаде, ќе се овозможи да се задоволат потребите на граѓаните кои имаат пореба од згрижување на децата во предучилишната установа во Делчево.

Проширен капацитетот на Детската градинка „Весели цветови'

Проширен капацитетот на Детската градинка „Весели цветови'

Gepostet von delcevo365.mk am Donnerstag, 15. Oktober 2020

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*