Пред 100 години формирано првото соколско друштво во Делчево

Делчево одбележува 100 години од формирањето на првото спортско друштво – Соколи. Професорот Љупчо Прачкоски кој подготвува книга за Делчево, во која меѓу другото, значајно место зазема и формирањето на соколското друштво, вели дека првото спортско друштво е формирано во 1920 година, во услови кога во тогашно Царево Село имало многу малку услови за развој на спортот во градот. Друштвото се формирало благодарение на група млади и амбициозни лица, чиј пат подоцна решиле да го следат и многу други млади луѓе.

-По завршувањето на првата Светска војна Делчево или тогашно Царево било во многу незавидна ситуација. Новите власти барале од народот да го променат начинот на живеење, со тоа што во тогашно Царево Село имало малку услови за спорт и рекреација, но сепак благодарение на младите и амбициозни луѓе, кои следејки ја состојбата во тогашна Европа, во 1920 година решава да го формира првото спортско здружение во градот. Друштвото се состоело од 16 члена група од млади луѓе, кои го формирале гимнастичкото спортско друштво Соколи. Соколите биле истите оние млади луѓе, кои ги имало насекаде во Европа, а формирањето на соколските групи, било да се задржи славјанството во славјанските држави, вели Прачковски.

Живеејки како дел од тогашното Кралство Југославија, како што додава професорот, тогашниот систем барал сеславјанството како такво да опстане на Блаканските простори, но главната цел била младите да рекреираат и спортуваат.

-Друштвото полека ќе се оформи, со тоа што голем број на млади луѓе ќе спортуваат во регионот на тогашно Делчево-Царево Село, така што во скоро време овие млади луѓе ќе станат и први амбасадори на градот, патувајки низ тогашна цела Вардарска Бановина каде биле формирани соколски групи и понатаму во Кралство Југославија. Тие оделе на натпревари во други држави како Чешка, Словачка, Полска, во Унгарија тогашна Австро-Унгарија. Благодарение на нивната афирмација, спортот меѓу младите луѓе многу рано ќе се развие, додава Прачкоски.

Поради големиот интерес за учество во спортското друштво, тогашните власти во 1920 година, како што дообјаснува Прачкоски ќе ја изградат и првата спортска сала во Делчево.

-Првата спортска сала ги имала сите потребни димензии за спортување во тогашно време, била долга 33 метри, широка 18 метри со 450 квадратни метри површина. Во неа вежбале многу млади на „справите“ кои во тој временски период биле донесени од Љубљана. Предводник на групата во тогашно време бил Илија Илиев Такев со своите први соколи кои учествувале на меѓународни натпревари. Тука ќе ги кажам Илија Такев, Христов Ѓорѓи, Мавродиев Ѓорѓи, Златков Ѓорѓи, Симеонов Ѓорѓи, тој бил и знаменосец на самите соколи. Значи благодарејки на овие млади и амбициозни луѓе, Делчево многу брзо ќе биде запознаено, не само во Вардарска Бановина, туку и на Балканот и во тогашна Европа, раскажува Прачкоски.

Поради ова, како што додава професорот, сите треба со посебен пиетет да се сеќаваат на овие луѓе, кои што за прв пат имале можност да го афирмираат своето гратче надвор од својата територија.

Сознанијата за значајни историски факти за Делчево го предизвикаа професорот Прачкоски кој е и поранешен градоначалник да направи и серија интервјуа со поранешни вработени во делчевската гимназија „Методи Митевски – Брицо“ со која раководи, а која наредната година одбележува 60 години од своето постоење.

-Полека и постепено сакаме да направиме емисија во која ќе учествуваат сите оние наставници и професори кои дале допринос за развој на гимназијата од 1961 година до наредната 2021 година кога ќе се слават 60 години од формирањето. Почнавме со оние професори и раководители кои за прв пат биле наставници во гимназијата, кои се уште живи со тоа што работиме на материјалите на оние први наши учители, кои од тој временски период почнале да ги воспитуваат нашите средношколци. Ќе ги опфатиме и првите генерации од тоа време и поширок преглед на состојбата на нашата гимназија од 1961 до 2021 година, вели Прачкоски.

Ова, како што додава тој, е аманет на генерациите кои оставиле големи траги во работењето на гимназијата, а кои успеале да продуциррат кадри кои надалеку се успешни во своите професии.

-Голем број од тие млади кои завршиле во гимназијата, се многу амбициозни луѓе, не претставуваат и не претставувале сегде низ светот. Од неа произлегле многу учени луѓе, политичари, економисти, доктори на науки, научници. Сите тие ќе дадат свој придонес за уште повеќе да ја афирмираме гимназијата, по повод 60 години од своето формирање, вели Прачкоски.

Токму сите овие податоци за функционирањето на градот во сите сфери на општественото живеење Прачкоски наскоро ќе ги преточи во книга за Делчево во која ќе може да се најдат најзначајните моменти од постоењето на градот после Првата Светска војна и по завршувањето на Втората Светска војна.

-Книгата е готова, само треба да се завршат некои ситни детали. Знаете дека се направени 6 емисии за животот во Делчево од 1920 до 1960 година, во која е опфатен еден период за растот на градот Делчево. Во тој временски период имаме и доста голем број на живи сведоци кои што за жал последните години ги нема. Ние работевме на тој проект 10 до 12 години. Беше многу макотрпно да се соберат податоци на луѓе кои имале и по 100 години и кои раскажуваа за сето тоа што се случувало во тој период. Сето тоа ќе остане и е пренесно во книгата да ја паметат генерациите, за да знаат како ова мало гратче постанало современо гратче и како се за развивало во периодот после Првата светска војна и по завршувањето на Втората светска војна, додаде Прачкоски.

Делчевскиот професор довршувајки го разговорот упати отворена покана заеднички да ја проследиме промоцијата на сето она што значи историја за градот Делчево.

Пред 100 години формирано првото спортско друштво „Соколи“ во Делчево

Пред 100 години формирано првото спортско друштво „Соколи“ во Делчево

Gepostet von delcevo365.mk am Sonntag, 18. Oktober 2020

Пред 100 години формирано првото соколско друштво во Делчево

Gepostet von delcevo365.mk am Sonntag, 18. Oktober 2020

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*