Во Делчево и Берово МВР ги продолжи засилените полициски контроли во сообраќајот

Министерството за внатрешни работи денес во Делчево и Берово ги продолжи засилените акциски контроли од областа на сообраќајот. Портпаролот на МВР Тони Ангеловски информираше дека за време на едночасовните контроли на територијата на општинтие Делчево и Берово регистрирани се над 60 прекршоци од страна на возачите.

-Активностите се со цел со цел да ставиме ред на сообраќајниците во нашата држава. Засилената контрола продолжува и во наредните денови и апелирам до сите возачи во државата заеднички да ги почитуваме правилата и прописите во сообраќајот и на тој начин да придонесеме за безбедност во сообраќајот, рече Ангеловски.

Во изминатиот месец како што додаде Ангеловски на територијата на цела држава регистрирани се над 14 илјади сообраќајни прекршоци од страна на возачите.   

Од она што беше забележливо на терен полицијата вршеше проверка на присуство на алкохол во крвта кај возачите, дозволена брзина на движење, проверка на валидноста на возачките документи, како и други проверки во делот на техничка исправност на возилата.

Во првите два квартала од 2020 година, споредбено со претходната година, вкупниот број на сообраќајни незгоди во Делчево како што информираше командирот на Полициското одделение од општа надлежност Делчево, Стојан Димитровски е зголемен за 50 проценти, при што регистрирани се 5 незгоди повеќе во однос на минатата година или вкупно 15. Во незгодите четири лица се со тешки телесни повреди и едно лице го загубило животот.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*