МВР санкционираше 112 возачи во изминатото деноноќие во Пијанечко-малешевскиот регион

Во последните 24 часа во рамки на засилените контроли во Делчево и Берово санкционирани се 112 возачи. Како што информираше Гордана Панајотова од СВР – Штип, во рамки на полициските контроли спроведени на територијата на општините Делчево и Берово, најчестите изречени санкции се за измината важност на сообраќајната дозвола.

-Министерството за внатрешни работи во изминатите 24 часа спроведе засилена акциска контрола во областа на сообраќајот на територијата на Делчево и Берово. Притоа, изречени се вкупно 112 санкции, меѓу кои 22 за измината важност на сообраќајната дозвола (нерегистрирани возила), 14 за возење без возачка дозвола,13 за пречекорување на брзина, информира Панајотова.

Со цел зголемена безбедност во сообраќајот, апелираше граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.

Засилените сообраќајни контроли како што додадоа од МВР продолжуваат и во наредните денови.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*