Ана Димитровска го постигна првиот погодок во Лигата на шампиони во женска конкуренција

Ана Димитровска го постигна првиот погодок во Лигата на Шампиони во женска конкуренција во првиот натпревар за екипата на ЖФК „Каменица Саса“ која со пораз ги започна настапите во најелитното женско фудбалско натпреварување. Во Софија денес каменичанки беа поразени од домашната екипа на НСА „Софија“ со 3:1. 

Погодокот Димитровска го постигна во 35-тата минута. Домашната екипа на НСА „Софија“ поведе во 17-тата минута со голот на Пенкова, а конечниот резултат од 3:1, на истекот од првото полувреме го поставија Желева и повторно Пенкова кои беа прецизни во 44-тата односно 46-тата минута од натрпеварот. 

Во второто полувреме се играше цврст натпревар, поради што резултатот остана непроменет. За одбележување од играта е црвениот картон кој го доби Талевска од екипата на ЖФК „Каменица Саса“ во 86 минута од натпреварот.

И покрај поразот од стручниот штаб како што претходно изјавија за неколку медиуми се надеваат на пласман во втората фаза од натпреварувањето.

-Екипата на ЖФК Каменица Саса е најмладата екипа во Лига на шампиони оваа година, но квалитетот, енергијата и амбициите се на наша страна. Наша цел е пласман во следната фаза од натпреварувањето. Се надеваме дека упорноста и професионалноста во работата на сите членови во клубот ќе ни дадат доволно самодоверба  и храброст во понатамошните натпревари, истакнаа од клубот.

Екипата од М.Каменица во Женското издание на Лигата на шампиони се натпреварува, откако минатата година беше убедливо најдобрата екипа во Првата женска фудбалска лига на Македонија. Противникот од Софија со кој се сретнаа девојките од М.каменица се 15 кратен шампион на својата земја Бугарија.

Деталите за натпреварот на следниот линк:

https://www.rezultati.com/utakmica/M1qeAWcK/#detalji

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*