Делчевчани уште еднаш ја изразија својата хуманост на дело во рамки на претпоследната крводарителска акција за 2020 година. Со своето масовно присуство уште од раните утрински часови тие покажаа дека ја очекувале најавената акција, со што можеа да дадат свој придонес во време кога крвта поради Ковид-19 кризата е потребна повеќе од кога и да е.
Меѓу дарителите имаше граѓани со, 15, 30 и 60 дарувања за кои хуманоста во вакви моменти е над се.
-Јас досега има дарувано 15-16 пати крв. Прв пат имам дарувано во далечната 1996 година, дедо ми имаше потреба од крв, за прв пат тогаш дарувавме, јас, татко ми, чичко ми и братучет ми. Оттогаш имам дарувано повеќе пати, но не се сите евидентирани.Порака сите ко исе чувствуваат здрави нека почнат да даруваат, вели делчевецот Сашо Анакиевски.

-Имам давано крв преку 30 пати. Чувството е добро кој може секој нека даде, ќе спаси еден живот, истакна крводарителот Сашко Трајановски.

-Досега имам дарувано 62 пати. Прв пат дарував 1985 година кога бев војска. Порака да даруваат крв кој може да бидат хумани, пошто крвта е потребна во секое време, истакна дарителот Орце Димитровски.

На акцијата учество зедоа и лекарите.
-Досега имам дадено преку 30 пати, давам редовно крв секогаш кога има крводарителски акции, на три месеци сум присутен, пред се хуманоста на дело е мое мото зад кое стојам и го применувам. Прв пат имам дарувано пред 15 години. Инаку за да бидеш крводарител, мора да имаш услови, секој кој има покачен хемоглобин, пожелно е да дава крв и да направи добро дело, посебно во ова време кога побарувачката од крв е голема, истакна д-р Гоце Стојменовски.

Главна цел на годинешните акции како што истакнаа од Општинската организација на Црвен крст кој ја организираше денешната крводарителска акција, е што поголем број на млади да станат крводарители.
-Ова е редовна крводарителска акција за месец ноември, во која очекувме да собереме над 40 крвни единици. Очекуваме посебен придонес од учениците од Средното општинско училиште „Метроди Митевски Брицо“ од Делечво кои имаат наполнето 18 години за да ја покажат својата хуманост. Ова е претпоследна акција за оваа година, со што се очекува да се исполни и надмине крводарителскиот план, иако оваа година поради пандемијата, не беше како претходните. Делчевчани и оваа година беа хумани и на сите крводарителски акции се надмина бројот на крводарители, истакна Ивана Атанасовска до Општинската организација на Црвен крст Делчево.

Денешната акција како што додадоа од Црвен крст Делчево се реализираше во соработка со Институтот за трансфузиона медицина од Штип, а во рамки на акцијата беа почитувани сите мерки за заштита од вирусот Ковид-19.
Leave a Reply