Граѓаните на Делчево онлајн ќе ја внесуваат потрошувачката на вода

Граѓаните на Делчево од неодамна сами ќе можат да ја пријават потрошувачката на вода преку внесување на состојбата на водомерите онлајн. Ова е само една од услугите кои неодамна ги воведе делчевското комунално претпријатие во делот на подобрување на своите услуги за граѓаните. Меѓу услугите кои исто така претставуваат новини во работењето е електронската наплата на сметките, како и пријавувањето проблем со водоснабдувањето и останатите услуги.

-Овие сулуги претпријатието ги воведе по започнувањето со функција на новата веб-страница. Покрај гореспоменатите услуги, граѓаните на истата можат да најдат и информации за самото претпријатие, како и известувања, вести и информации поврзани со секојдневното работење и појавата на дефекти и прекини во водоснабдувањето. Исто така во тек е и ажурирање на податоците за корисниците, а инсталиран е и нов хардвер, како и софтвер за подобрување на услугите кон нашите претплатници, информираа надлежните.

Додадоа дека во моментот се фокусирани на корпоративниот развој, на претпријатието, кој е дел од проектот за подобрување на водоснабдувањето во Делчево.

-Во рамки на техничкиот дел на проектот за подобрување на корпоративниот развој на претпријатието, во тек е избор на изведувач за изградба на пречистителна станица за вода за пиење, резервоари, подземни бунари како и фотоволтаична централа за производство на електрична енергија, финансиран од Швајцарската Влада, додадоа надлежните.

Како дел од овој проект очекуваат во месец јануари 2021 година, да биде распишан тендерот за поврзување на селата Габрово и Ѕвегор до новата станица. Проектот за подобрување на водоснабдувањето во Делчево, како што додадоа е финансиран од Министерството за животна средина и просторно планирање и истиот е во вкупна вредност од 7,2 милиони швајцарски франци.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*