Започна замената на градското осветлување во Берово

Започна замената на градското осветлување во Берово. Активностите како што информираа надлежните се реализираат во рамките на програмата за енергетска ефикасност со која старите улични светилки, се заменуваат со нови штедливи лед светилки.

-Промената на светилките започна на улица ,,Маршал Тито” на потегот од кружниот тек до полициската станица, а ќе продолжи на улица ,,Партизанска”. Ова во значителна мера, ќе допринесе за значителна заштеда на енергија, истакнаа надлежните.

Целта на реализација на овој проект, како што додадоа, покрај подобрување на енергетската ефикасност е и подобрување на видливоста во вечерните часови со што според нив ќе се зголеми безбедноста на пешаците и возачите.

-Паралелно со промената на уличните светилки на улицата ,,Маршал Тито”, деновиве извршено е и кастрење на сувите гранки на дрвјата, со цел обезбедување поголема безбедност на учесниците во сообраќајот и голема прегледност на  влезот во Берово, додадоа надлежните.

Од буџетот на општина Берово, согласно склучениот договор по спроведената постапка за јавна набавка, за оваа намена предвидени се 420 илјади денари.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*